Денеска направивме увид на тековните активности од кој што денеска можеме со гордост да се пофалиме дека имаме еден зафат на асфалтирање на три улици „Киро Пајмакоски“, „Браќа Ламески“ и вклучувањето спрема старата општина на „Јоска Јорданоски“ во должина од 400 метри, некаде околу 2.000 квадратни метри површина на нов асфалт, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
-Веднаш потоа се продолжува со асфалтирање „Дабнички Завој“ во должина од околу 300 метри, исто со квадратура од околу 2.000 квадратни метри и акцијата продолжува на асфалтирање, гребење односно и рехабилитација на други улици, веќе од понеделник со нови улици кои што допрва ќе бидат рехабилитирани.
Исто така денес на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ од споменикот на Пеце Атанасоски до основното училиште „Кочо Рацин“ во должина од 230 метри треба да се започне рехабилитација, а воедно и реконструкција на старата водоводна мрежа со нова, со дебелина од фи90 вода, водоводна мрежа.
„Површината е со нов плочник во некаде од околу површина од 3.000 метри квадратни за кој што обезбедивме средства околу 25 милиони денари, што значи Прилеп ќе го добие повторно својот сјај, воедно ќе започне и економски развој во нашата општина. Нареден чекор ни е рехабилитација и на други улици кои што во овие 2 до 3 месеци навистина ќе одекне добро за Прилеп да изгледа поубав, попристапен и регулирање на сообраќајот, рече Јовчески.