
И вчерашниот тричасовен состано на коалициските партнери во бугарската влада на премиерот Кирил Петков не донесе промени во бугарската политика кон кочењето на Македонија во пристапувањето кон Европската унија.
Така, секое постигнато решение со Македонија ќе треба да добие поддршка од бугарските пратеници кои ќе се водат според црвените линии зацртани во Декларација за европската интеграција на Македонија која содржи повеќе спорни членови за македонскиот јазик и идентитет.
Коалициските партнери нов состанок ќе имаат веќе во вторник, но според најавите од бугарските медиуми, фокусот на овој состанок ќе биде Буџетот а не спорот со Македонија.
Сѐ поизвесното ново бугарско вето според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е причина повеќе за предвремени парламентарни избори. Христијан Мицкоски, сепакм потенцира дека и без разлика на исходот од јунскиот самит на Европскиот совет, власта и опозицијата имаат многу повеќе домашни проблеми за кои треба да седнат на заедничка маса.
Дека сѐ уште нема документ прифатлив за двете страни кој може да доведе до кревање на бугарското вето следниот месец потврди и премиерот Димиатар Ковачевски. Сепак тој смета дека ова не е причина за распишување на превремени избори бидејќи владата е фокусирана на справување со последиците од економската и енергетската криза.