Поради лизгавиот коловоз од дожд и брзо возење во саботата попладнето околу 18,30 часот на патот под АГРИА кон Велес со возило од патот излета 19 годишно момче.
Момчето се здобило со повреди на глава и му била укажана прва помош и во свесна состојба било однесено во Хирушките амбуланти на велешката болница.