Зеленски ги посетил војниците во Харков

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во неделата првпат официјално ја напушти областа на главниот град Киев во почетокот на руската инвазија, и ја посети областа на Харков, на истокот од земјата за да им оддаде почест на војниците на фронтот.

Снимките објавени во неделата на официјалниот Telegram канал прикажуваат како Зеленски на војниците им врачува одликувања, ја разгледува уништената инфраструктура на Харков и разгледува изгорени воени возила за кои во снимката се тврди дека се оставени од руската војска.

„Бескрајно сум горд на нашите бранители. Секој ден ги ризикуваат своите животи и се борат за слободата на слободата на Украина“, рече Зеленски благодарејќи им на војниците за нивната верност.

Во текот на поднесувањето на воениот извештај на военото водство за оперативната ситуација на фронтот, Зеленски со гувернерот Олег Синиехубов, разговарал за штетата врз цивилната инфраструктура во регионот, според кого во Харков и околината се уништени повеќе од 2.000 куќи.

Според гувернерот, во оваа област руските иако го префрлија фокусот на своите операции поисточно, сѐ уште под контрола имаат 31 отсто од територијата. Но Синиехубов рекол дека украинската војска во противофанзива во април и мај успеала да врати 5 отсто од територијата.

Во неделата неколку часа по посетата на Зеленски во Харков можело да се слушнат повеќе експлозиии. Голем облак од густ чад се навивал над североисточниот дел од градот, пренесува агенцијата DPA. Се додава дека градот последните денови бил силно гранатиран по неколкуте седмици релативно затишје.