Перез победник на хаотничката трка во Монако

Мексиканецот Серхио Перез од тимот на Ред Бул е победник на трката за Големата награда на Монако, седмата хаотична трка од годинашното Светско првенство во класата Формула 1 која ја одбележаа дождот и тешката несреќа на Мик Шумахер кој за среќа мина без повреди.

Мексиканецот Перез до третата победа во кариерата стаса пред Шпанецот Карлос Саинц од тимот на Ферари и тимскиот колега и актуелниот светски првак Мак Верстапен во вториот болид на Ред Бул.

Четврти беше домашниот пилот на Ферари, Шарл Леклер кој стартуваше од најдобрата стартна позиција во оваа градска трка, која ја загуби при заминувањето во боксовите,

Трката започна со еден час задоцнување поради силниот дожд. А откако започна во 27 минута беше прекината поради несреќата на Мик Шумахер кој загуби контрола над болидот и се заби во оградата, при што неговиот болид од јачината на ударот се преполови. За среќа, пилотот на тимот на Хаас од болидот излезе неповреден.

Прво беше кренато жолтото а набрзо и црвеното знаме, бидејќи делови од болидот се разлетаа на патеката. Синот на легендарниот Мик Шумахер веќе имаше слична несреќа во Саудиска Арабија.

Првото место во генералниот пласман во светското првенство и натаму го држи Верстапен со 125 бодови, Леклер го следи со 116 бодови, а Перез сега е трет со 110 бодови.

Следната трка на распоредот е за Големата награда на Азербејџан во Баку, а ќе се вози на 12-ти јуни.

ПЛАСМАН МОНАКО

1. Серхио Перез (Мексико) Ред Бул 1:56:30.265
2. Карлос Саинц (Шпанија) Ферари +1.154
3. Макс Верстапен (Холандија) Ред Бул +1.491
4. Шарл Леклер (Mонако) Ферари +2.922
5. Џорџ Расел (Велика Британија) Мерцедес +11.968
6. Ландо Норис (Вевлија Британија) Мекларен +12.231
7. Фернандо Алонсо (Шпанија) Алпен +46.358
8. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мерцедес +50.388
9. Валтери Ботас (Финска) Алфа Ромео +52.525
10. Себастијан Фетел (Германија) Астон Мартин +53.536…

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

1. Макс Верстапен (Холандија) Ред Бул 125 бодова
2. Шарл Леклер (Mонако) Ферари 116
3. Серхио Перез (Мексико) Ред Бул 110
4. Џорџ Расел (Велика Британија) Мерцедес 84
5. Карлос Саинц (Шпанија) Ферари 83
6. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мерцедес 50
7. Ландо Норис (Велика Британија) Мекларен 48
8. Валтери Ботас (Финска) Алфа Ромео 40
9. Естебан Окон (Франција) Алпен 30
10. Кевин Магнусен (Данска) Хаас 15 …

ПОРЕДОК КОНСТРУКТОРИ

1. Ред Бул 235 бодови
2. Ферари 199
3. Мерцедес 134
4. Мекларен 59
5. Алфа Ромео 41
6. Алпен 40
7. АлфаТаури 17
8. Хасс 15
9. Астон Мартин 7
10. Вилијамс 3 …