Ќе се гради фотоволтаична централа кај Македонски Брод

Германска компанија ќе гради фотоволаичнацентрала во Македонски Брод која ќе произведува еден мегават електрична енергија близу селото Инче.

Сончевите колектрори и опрема ќе бидат поставени на 28 илјади метри квадратни.

Инвестицијата е еден милион евра, пари  обезбедени од Европската банка за развој.

Германскиот инвеститор,сака да ги откупи и останатите три локации за оваа намена близу Инче. За нив велат локалните власти има интерес и меѓу домашни компании. Бидејќи Електро Израел испитал дека на овој дел од Македонија годишно има најмногу сончеви денови.

Од германската компанија мини хидроцентрали која во Европа има над 40 мали хидро и фотоволтаични централи тврдат дека со максимална искористеност на сончевите денови и часови, инвестицијата се врака за осум години, а одржувањето е минимално и нема еко загадување.