
На Твитер профилот „Гледачот“, се објави вознемирувачко видео на кое се гледа како група мажи брутално претепуваат на улица човек, а на крајот го оставаат да лежи во безсознание.
Како објаснување за видеото, за кое се вели дека е снимено во Прилеп (меѓутоа не е означено кога се случило насилството), пишува: „Александар Спирковски Џемо, човек кој купуваше гласови за СДСМ за време на изборите во Прилеп напаѓа со своја банда човек и крвнички претепува среде бел ден во Прилеп. МВР на Спасовски не реагира“
Александар Спирковски Џемо, човек кој купуваше гласови за СДСМ за време на изборите во Прилеп напаѓа со своја банда човек и крвнички претепува среде бел ден во Прилеп.
МВР на Спасовски не реагира pic.twitter.com/RZqb89Y1bR— Гледачот (@gledacot2) May 30, 2022