Автомобил излетал од патот и влетал во двор на куќа во близина на Белград, при што потешко се повредени три лица.
Во несреќата се повредени една девојка и две момчиња. Возилото буквално ги прелетало оградата и паркираните возила, искршиледрвја, удиле во чешма во дворот, ги искршиле скалите од куќата, по што возилото застанало.
Повредените биле пренесени во Ургентниот центар во Белград на одделението за реанимација.
Дваесет годишната девојка, која била совозач, има повреди на градниот кош и стомакот, расекотини по рацете и нозете, а констатирана е можност за потрес на мозокот. Возачот, кој исто така има 20 години, има расекотини по главата и лицето и повреда на градниот кош.
Второто младо момче во несреќата има тешки повреди на главата, градниот кош, вратот и стомакот.