Се зголемува бројот на европските земји на кои Русија им ја прекина испораката на гас. Откако Газпром ја прекина испораката на Холандија, стопирана е и испораката на гас за некои компании во Данска и во Германија.
Гаспром денеска ги затвори вентилите на гас за ГасТера, која тргува со гас во име на холандската влада.
Тој подоцна рече дека ќе го прекине и снабдувањето со гас на данската енергетска компанија Ørsted и Shell Energy за нејзиниот договор за снабдување со гас во Германија, откако и двете не успеаја да направат исплати во рубљи, според Гардијан.
„Се подготвувавме за ова сценарио, па очекуваме да можеме да доставиме гас до нашите потрошувачи“, рече Мадс Нипер, извршен директор на Ørsted.
Орстед во понеделникот објави дека потегот на Гаспром нема веднаш да го загрози снабдувањето со гас на Данска.
„Бидејќи нема гасовод што оди директно од Русија до Данска, Русија нема да може директно да го прекине снабдувањето со гас за Данска, така што ние сè уште ќе можеме да стигнеме до него. Но, тоа значи дека во голема мера ќе мораме да го купиме на европскиот пазар“, соопштија од компанијата.
Москва претходно ја прекина испораката на гас за Бугарија, Полска и Финска.