Бајден вети напредни ракетни системи за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ќе ѝ испорачаат на Украина, покрај другото големо количество оружја, и напредни ракетни системи и муниција за „попрецизно да ги гаѓаат клучните цели на бојното поле“.

Во написот објавени во The New York Times во вторникот, Бајден вели: „Брзо почнавме во испраќање на Украина значително количество оружје и муниција за да може да се бори на бојното поле и да биде во најсилната можна позиција за преговарачката маса“,

Восок неименуван функционер на администрацијата на Бајден изјави претходно во вторникот на Украина ќе ѝ го дадат „М142“ високо подвижен артилериски ракетен систем (HIMARS) за да ја подобри способноста на украинската војска на бојното поле.

„Тие системи Украинците ќе ги користат за одбивање на руското напредување на украинската територијата, но нема да се користат на цели на руска територија“.

Високи украински функционери, вклучително и претседателот Влаодимир Зеленски, побараа во последните седмици САД и нивните сојузници да обезбедат ракетен систем за повеќекратно лансирање (MLRS). Вооружените системи произведени во САД можат истрелаа десетици ракети стотици километри, многу подалеку од кој и да е систем што веќе го има Украина, за кои Украинците тврдат дека може да биде промена на играта во нивната војна против Русија.

Друг систем што Украина го побара е артилерискиот ракетен систем со висока мобилност, познат како HIMARS, полесен систем на тркала способен да испука многу исти видови ракети како MLRS. Русија во последните седмици ја напаѓа Украина на исток, каде што е посилна и со луѓе и во огнена моќ, рекоа украинските власти.

Администрацијата на Бајден сепак со недели се колебаше дали да ги испрати системите, поради загриженоста покрената во Советот за национална безбедност дека Украина би можела да ги користи системите за да изврши офанзивни напади во Русија, рекоа официјални лица.

Еден од главните причини за воздржаност, велат изворите, бил големиот дострел на ракетните системи MLRS и неговата полесна верзија HIMARS, можат да лансираат ракети до 300 километри, во зависност од видот на муницијата. Се верува дека Украина веќе извршила бројни прекугранични напади во Русија, што украинските власти ниту го потврдуваат ниту го негираат. Руските власти јавно кажаа дека секоја закана за нивната територија би претставувала голема ескалација и рекоа дека западните земји се прават себеси легитимна цел во војната со тоа што продолжуваат да ги вооружуваат Украинците.

Имајќи предвид дека САД и нивните сојузници по долгите години обуки и вложувања во украинската армија од почетокот на руската инвазија го снабдуваат Киев со сѐ пософистицирано оружје, Вашингтон повел дискусии со украинската страна за опасноста од ескалација во случај да продолжи со ракетирања во руската внатрешност, изјавиле неименувани американски извори за Reuters, откако шефот на руската дипломатија претходно минатиот четврток повторно предупреди на престанат испораките на оружје за Украина со кое може да изведува напади врз руска територија.

Во дискусиите далеку од јавноста, кои имаат многу чувствителна природа и за нив досега ништо не протече во медиумите, не биле наведени експлицитни географски ограничувања за користењето на оружјата што Западот ѝ ги испорачува на Украина. Но со разговорите се сака да се постигне меѓусебно разбирање за опасноста од ескалација.