ВИДЕО| На амбасадата на САД во Москва проектирано видео со децата убиени во Донбас

Ноќта кон средата на ѕидовите на американската амбасада во руската престолнина Москва беше проектирано видео чиешто мото беше дека американската војска „ја сноси целосната одговорност за сите загинати деца во Донбас“.

Руските активисти ја одржаа акцијата „Крвта на децата од Донбас на рацете на американската војска кој се совпадна со 1-ви јуни Меѓународниот ден на детето, пренесуваат руските медиуми.

Како што појаснуваат организаторите на настанот, неговата цел била да е сврти вниманието на меѓународната заедница на улогата на Вашингтон во убиствата на децата од доминантно руски и рускојазични ткн „народни републики“ во Доњецк и Луганск кои прогласија самостојност по превратот во Киев во 2014 година и беа укинати низа права на руското население, вклучително и употребата на рускиот јазик. Активистите потсетуваат дека тие деца изминатите осум години биле убиени во операциите на украинските сили со оружје добиени од САД.

Настанот започнала точно на полноќ на 1-ви јуни, на оградата и ѕидовите на зградата на САД во Москва со проектирање видео во кое се раскажува за децата од Доњецк и Луганск кои загинале во текот на воените дејствија во одметнатата источна украинска област Донбас.

Потоа утрото на два контролни пункта пред зградата на амбасадата, активистите развиле осум-метарски транспаренти со фотографии од загинатите деца во Донбас и докази за воени злосторства извршени врз деца, а биле запалени десетици спомен свеќи. Активистите на минувачите им делеле летоци со податоци за „воените злосторства“ извршени од Пентагон, „чии жртви низ годините беа деца на сите страни на планетата“,