Официјална Москва предупреди во средата дека одлуката на САД за испорака на напредни ракетни системи и муниција за Украина, којашто вклучува и ракетни системи HIMARS е „крајно негативно“ и оти ќе го зголеми ризикот од директна конфронтација на Русија и НАТО.
„Тоа ги сметаме за исклучително негативно, бидејќи обидите да се прикаже одликата на елемент на ‘самоограничување’ се несоодветни (…) Очигледен е фактот што САД предводат група држави кои се насочени да го снабдуваат киевскиот режим со оружје“, изјави за агенцијата РИА заменикот руски министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Ракетниот артилериски систем со висока мобилност „M142„ (HIMARS) е оружје што Киев долго го бараше, а американската страна наведува дека ѝ е потребно за „попрецизни удари“ врз руските единици од поголема оддалеченост. САД досега одбиваа да ѝ испорачаат на Украина артилериски и ракетни системи, стравувајќи дека ќе бидат употребени за напади врз цели на територијата на Русија што ќе предизвика уште поголема ескалација на судирот,
Меѓутоа, американскиот претседaтел Џо Бајден во написот во вторникот The New York Times објави дека „смртоносната помош ќе ја зајакне преговарачката позиција на Киев против Москва и ќе направи веројатно изнаоѓање дипломатско решение“. Бајден притоа потврди дека САД на Украина ќе ѝ ги испорачаат напредните ракетни системи.
САД наводно се согласиле да ѝ испорачаат на Украина прецизно наведувани ракети, коишто можат да гаѓаат цели до 70 километри, дури откако добил гаранции дека оружјето нема да биде користено за напади врз Русија. Покрај оружјето, Бајден наведе и дека САД немале намера да го соборат рускиот претседател Владимир Путин.
„Колку и да не се согласувам со г-дин Путин… Соединетите држави нема да се обидуваат да го соборат,. Сѐ додека САД и нашите сојузници не се нападнати, нема да бидеме директно вклучени во овој судир“, пишува Бајден.
Рјабков на тоа коментира дека во Вашингтон се влечат непромислени потези кои водат до продолжување и заострување на судирот во Украина.
„Од почетокот на специјалната воена операција во Вашингтон се случи едноставно слом на секој одговорен, разумен пристап кон ситуацијата, а и покрај сѐ непромислено продолжува линијата којашто постојано ја карактеризираме како војна до последниот Украинец (…) Ова е без преседан, ова е опасно“, вели Рјабков.
Оцени дека САД „не преземаат ништо“ за да се изнајде решение за украинската криза. Рјабков посети дека од ланската есен кога Москва го разработуваше „темата за обврзувачките гаранции за безбедноста на Русија“ руската страна не видела „никакви знаци за подготвеноста на САД да се откажат од ескалацијата на тензиите и отворената конфронтација“.