ВИДЕО| Ново видео со украински маринци кои се жалат на наредби од командата

Видео со обраќање на припадниците на 18-от баталјон на морнаричката пешадија на украинските вооружени сили во кое тие се жалат на „престапните“ наредби од командата кои довеле до големи загуби, објави во средата на социјалните мрежи разрешениот украински пратеник Илја Кива.

„Резултатот вчерашната ‘успешно’ напредување кај Херсон е обраќањето на војниците на Вооружените сили на Украина од специјалниот 18-ми баталјон до (украинскиот претседател Владимир) Зеленски со одбивање дополнителни да се ‘напредува’ и да се извршуваат криминални наредби кои доведуваат до загуби меѓу составот“, напишал Кива на својот Telegram канал објавувајќи го видеото за кое тврди дека е обраќање на украинските маринци.

На снимката, наводно, припадниците од спомената та единица од 18-от специјален баталјон на морнаричката пешадија како дел од 35-та бригада „апелираат до јавноста за помош“ со барање да се „влијае врз највисокото водство на баталјонот и бригадата за нивните престапни наредби“.

Како што вели во снимката еден од војниците, неговата единица забележала загуби од најмалку 80 загинати и ранети последните четири денови, но според неофицијалните податоци загубите биле поголеми.

„Лицата коишто ја кажуваа вистината го одведуваат во непознат правец. Во моментов командата нѐ смета за предавници“, заклучува војникот на снимката.

За поплаките на украинските војници и припадници на територијалната одбрана за недоволна обученост и недостиг од оружје, пишуваше The Washington Post. Украинските медиуми, исто така, пишуваа за низа бунтови на украинските војници кои се жалат дека се испраќани на линијата на фронтот без доволна подготвеност и опременост. Неодамна така беше објавен видео апел на борци од 101-та и 115-та бригада до украинските власти и воениот врв во кои велат дека одбиваат да го извршуваат борбените задачи поради несоодветната обука и опрема на единиците.