Францускиот играч од средниот ред Пол Погба ќе го напушти Манчестер Јунајтед кога ќе му истече договорот на крајот на јуни, објави англискиот премиерлигаш.
Така, Погба по вторпат го напушта Манчестер Јунајтед откако во 2009 година, на 16-годишна возраст, од Ле Аврв стаса во фудбалската академија на „Црвените граѓани“. Една сезона мина во првиот момент, но со скромна минутажа. Тоа го натера да побара нова средина и во 2012 година мина во Јувентус каде што брзо се прилагоди и стана еден од клучните играчи на италијанскиот великан. Во четири сезона во Јуве одигра 178 натпревари и постигна 34 погодоци.
Во 2016 година се врати во Манчестер Јунајтед, но како голема ѕвезда за која клубот „Олд Трафорд“ исплати дури 105 милиони евра, што тогаш беше рекордна отштета. Но не ги исполни големите очекувања, а неговиот најголем проблем беше променливата форма. Од враќањето во Јунајтед одигра шест сезони и впиша 226 настапи и 39 погодоци.
Засега Погба не објавува каде ќе ја продолжи кариерата, но последните месеци најмногу се пишува за неговото враќање во Јувентус.