Тупанчески вели планот за подготовка на нов Изборен законик нема да пропадне

Во вечерашното гостување во дебатната емисија 24 анализа министерот за правда Никола Тупанчески порача дека планот за подготовка на нов Изборен законик нема да пропадне и покрај фактот што ВМРО ДПМНЕ и БЕСА се уште немаат доставено предлози за свои претставници во новата работна група.

Планот не пропаѓа, напротив Министерството за правда продолжува да ја реализира сопствената замисла за носење на нов Изборен законик во кој што ќе бидат содржани правилата на изборната игра за изборниот процес кога и да се случува.Најважно во целата работа е што најголемиот дел од политичките партии номинираа свои претставници. Јас верувам дека за кратко време ќе имаме номинации од сите партии”, рече Тупанчески.Тој информираше дека веќе е разговарано со неколку луѓе кои би требало да ја предводат новата работна група во МП, а ќе бидат од непартискиот блок.,, На овој план верувам дека ќе го одбереме вистинското лице, искусен чија потесна специјалност ќе бидат изборните системи и се разбира убаво ќе биде уште некој надворешен експерт да има кој ќе му помага во менаџирање на процесот. Јас сум оптимист дека и ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА ќе номинираат претставници”, потенцираше Тупанчески во 24 анализа.