Блинкен: Војната во Украина ќе трае уште многу месеци

Aмериканскиот државен секретар Ентони Блинкен вели дека војната во Украина ќе трае уште многу месеци.

Додава дека војната би можела да заврши утре доколку Русија ја прекине својата агресија, но не гледаат никаков знак во таа насока во оваа фаза.

„Додека (војната) трае, сакаме да обезбедиме Украина да го има она што и треба да се брани и сакаме да се погрижиме Русија да почувствува силен притисок од максималниот број земји“, изјави Бликен.

Шефот на американската дипломатија рече дека Украина им „дала гаранции“ на САД за да гарантира дека новите ракетни системи што и ги вети Вашингтон нема да се користат за цел на Русија.

Вели дека Русија ја напаѓа Украина, а не обратно. Откако Русија на 24 февруари ја нападна Украина, политичари и разузнавачи прогнозираа за колку време ќе заврши војната. Некои тврдеа дека војната може да трае со години. САД и Германија повторно со воена опрема ќе и помогнат на Украина.