Киев тврди дека не планира да ја напаѓа Русија со американски ракети

Украина не планира да ги користи повеќекратните ракетни системи со среден дострел кои ќе ѝ ги испорачаат САД за да нападне цели во Русија, изјави во петокот советникот на украинскиот претседател Михаил Подолјак.

„Украина води одбранбена војна и не планира да ги користи MLRS за напади врз објекти во Русија. Нашите партнери знаат каде се користи нивното оружје“, уверува Подолјак во објавата на Twitter.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави во средата дека Киев „му ветил“ на Вашингтон дека нема да ги користи напредните американски ракетни системи за напади врз руска територија.

Американскиот претседател Џо Бајден, и покрај долгата дискусија и стравувањата на некои функционери во Вашингтон дека тоа може да доведе до страшна ескалација на војната во Украина, се согласи на испораки на ракетните системи со долг дострел во рамките на новиот пакет воена помош од 700 милиони долари за Украина.

„Украинците ни дадоа гаранции дека нема да ги користат тие системи за цели на руската територија. Има силна доверба меѓу Украина и САД, како и меѓу другите сојузници и партнери“, тврдеше претходно седмицава Блинкен.