Осумдесет итригодишниот јапонски морепловец Кеничи Хори стана најстариот човек на светот кој самиот без престан го преплови Тихиот Океан, пренесе во саботата јапонската новинска агенција Kyodo.
Според информацијата, Хори изминал 8.500 километри со шестметарската јахта „ Suntory Mermaid III“. Во 2,23 часот утрото по локално време, односно 19,23 часот во петокот по македонско време, Хори пристигнал во каналот Кии, кој ги разделува западните јапонски префектури Вакајама и Токушима. Неговото патешествие започна на 27-ми март во американски Сан Франциско.
Инаку, ова не е првото самостојно патешествие на долги релации на Хори. Според Associated Press, Јапонецот во 1962 година станал првиот човек на светот кој бес престан самостојно пропатувал преку Тихиот Океан, тогаш од Јапонија до Сан Франциско во Калифорнија.
Покрај тоа, Хори во 1974 година патуваше околу целиот свет, а во 1996 година реши да патува од брегот на Еквадор до брегот на Јапонија со „еколошки брод“ направен од лименки пиво за да му ја докаже на светот важноста од о зачувување на природните ресурси.
Последното самостојни непрекинато патување Хори го изведе во 2008 година, пловејќи од Хаваи до теснецот Кии.