Цените на бензините во САД двојно зголемени за помалку од 18 месеци

MENLO PARK, CALIFORNIA - MAY 25: Gas prices over $7.00 a gallon are displayed at a Chevron gas station on May 25, 2022 in Menlo Park, California. As gas prices surge to record highs across the United States, the San Francisco Bay Area has the highest prices in the country where the average price of a gallon of regular gasoline is $6.06. The average national price is $4.59 per gallon. (Photo by Justin Sullivan/Getty Images)

Цената на бензините на бензинските црпки во САД го обнови историскиот максимум достигнувајќи 4,81 долари за галон (3,785 литри), што значи дека цената на горивото е двојно зголемена за година ипол од инаугурацијата на претседателот Џо Бајден, покажуваат податоците од непрофинтата Американска автомобилска асоцијација (ААА), која ги следи цените на повеќе од 60.000 бензински станици во земјата.

Според податоците, утрото во саботата по американско време, цената на галон бензин од марката „Regular“ се зголемила на 4,819 долари, додека во петокот галонот чинел 4,761 долари. Тоа е речиси двојно од цената во првата седмица по инаугурацијата на Бајден на крајот од 2021 година, кога изнесувала 2,39 долари.

Највисоките цени на бензините во Соединетите држави традиционално се забележуваа во сојузната држава Калифорнија, каде што во просек галон гориво чини 6,297 долари.

Силниот раст на цените на бензините во САД започна кон крајот на изминатата зима, додека веќе четврта седмица со ред се пријавуваат рекордни нивоа. Зголемувањето на трошоците за горивата е поради растот на цените на нафтата на светските пазари, и покрај обидите на Белата куќа да го запре таквиот тренд.

Во своето обраќање до нацијата во средата од Белата куќа, Бајден изјави дека неговата администрација веројатно нема да може да ги намали трошоците за горива и прехранбени продукти во САД на кус рок. Американскиот челник редовно трендот поскапувања го објаснува како „последица од руската агресија врз Украина“ и низата нови антируски санкции, но се чини неговите сонародници не се многу уверени во таквите појаснувања или, пак, едноставно не ги интересираат причините за ударот на нивниот животен стандард.