Три лица се убиени а уште 14 други се ранети во близина на бар во Чатануга, во американската сојузна држава Тенеси, соопшти во неделата полицијата.
Полицијата појасни дека две лица починале од здобиените прострелни рани, а едно од повредите откако при обидот да побегне од местото на пукањето бил удрено од возило.
Се додава и дека 14 биле погодени од истрели од огнено оружје, а уште три лица настрадале во удари од возила додека се обидувале да побегнат од местото. Шеснаесет од повредените се возрасни, а едно е малолетно лица, и неколкумина се во критична состојба, изјавила за медиумите началничката на полицијата во Чатануга, Селест Марфи.
Според првичните сознанија во пукањето во 2,42 часот по локално време биле вклучени повеќе лица, па полицијата бара дополнителни информации од заедницата. Се верува дека станува збор за изолиран инцидент и властите не веруваат дека постои продолжена закана за јавната безбедност.
Според Марфи станува збор за истрага која во продолжение се чини дека ќе биде сложена.
„Се обидуваме да утврдиме што точно се случило и што довело за тоа да се случи“, ја цитира Associated Press полициската началничка.
Овој вооружен инцидент со жртви доаѓа по викендот во која шест малолетници беа ранети во престрелка во деловен кварт во центарот на Чатануга.
Малку претходно во неделата американската полицијата најмалку три лица се убиени а уште 11 се ранети во пукање во Филаделфија, по неодамнешните масовни масакри во Тексас, Њујорк и Оклахома во коишто беа убиено од огнено оружје неколку десетици луѓе, од кои дваесетина деца.