
Во најинтересните дуели од второто коло до Групата од најелитната дивизија во Лигата на нациите Шпанија во последните моменти од дуелот со домашната Чешка успеа да спаси бод, додека Португалија ја декласираше Швајцарија со 4:0.
Чешка во Прага двапати водеше против „Фуријата“, но гостите во последните моменти и на првото и на второто полувреме успеаја да дојдат до израмнување.
Домашната селекција поведе уште во 4 минута со голот на Јакуб Пешек, а израмни Гави во судиското продолжение на првото полувреме. Играчот од средината на теренот на Барселона се впиша меѓу стрелците со 17 години и 304 денови, со што стана најмладиот стрелец во историјата на селекцијата на Шпанија. Пред него рекордот го држеше соиграчот од Барса, Ансу Фати кој беше седум дена повозрасен кога во септември 2020 година погоди против Украина.
Во 66 минута Јан Кухта со феноменална реализација на противнападот со „поктопување“ и лобување на гостинскиот голман ја врати предноста на Чешка., но во судското продолжение на мечот Инигио Мартиинез со удар со глава го погоди самиот голем агол од рамката на домашниот гол, а топката падна за само неколку сантиметри зад гол-линијата.
Во вториот меч од истата група Португалија пред своите навивачи ја декласираше Швајцарија со 4:0, а стрелци неа Вилијам Карваљо во 14, Кристијано Роналдо со два брзи гола во 35 и 39, и Жоао Кансело во 68 минута.
Чешка и Португалија имаат по четири бодови, Шпанија има две реми, а Швајцарија два пораза. По четири дена се среќаваат Португалија – Чешка и Швајцарија – Шпанија.
Во Групата 4 од втората дивизија по силата Лигата Б, Норвешка на гостувањето ја победи Шведска со 2:1, остварувајќи ја втора гостинска победа.
Јунак на победата повторно беше Ерлинг Халанд кој ги постигна двата погодока до 20 од пенал и во 69 минута, со што стаса до 18 голови во 19 настапи за селекцијата. Пред три дена Норвежаните славеа и во Белград против Србија со 1:0, а стрелец повторно беше Халанд. Стрелец за Швеѓаните стрелец беше Антони Еланга во третата минута од судиското продолжение на натпреварот.
Во вториот дуел од истата група, во Белград домашната селекција на Србија беше убедлива со 4:1 против Словенија. Александар Митровиќ во 23, Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 56, Лука Јовиќ во 85 и Немања Радоњиќ во втората минута од судиското продолжение на мечот погодија за домашните, а Петар Стојановиќ во 30 минута со убав лоб откосо од десната страна само привремено израмни за Словенија/
На табелата во групата води Норвешка со шест бодови, Србија и Шведска имаат по три, а Словенија е без бодови. Во следното коло на 9-ти јуни се среќаваат Норвешка – Словенија и Шведска – Србија.
РЕЗУЛТАТИ:
ЛИГА А
Група 2:
Португалија – Швајцарија 4:0 (Карваљо 15, Роналдо 35, 39, Кансело 68)
Чешка – Шпанија 2:2 (Пешек 4, Кухта 66/ Гави 45+3, Мартинез 90)
ТАБЕЛА:
1. Португалија 2 1 1 0 5-1 4
2. Чешка 2 1 1 0 4-3 4
2. Шпанија 2 0 2 0 3-3 2
4. Швајцарија 2 0 0 2 1-6 0
ЛИГА Б
Група 4:
Шведска – Норвешка 1:2 (Еланга 90+3/ Халанд 20-11 м, 69)
Србија – Словенија 4:1 (Митровиќ 24, Милинковиќ-Савиќ 56, Јовиќ 85, Радоњиќ 90+2/ Стојановиќ 30)
ТАБЕЛА:
1. Норвешка 2 2 0 0 3-1 6
2. Србија 2 1 0 1 4-2 3
3. Шведска 2 1 0 1 3-2 3
4. Словенија 2 0 0 2 1-6 0
ЛИГА Ц
Група 2:
Кипар – Северна Ирска 0:0
Косово – Грција 0:1 (Бакасетас 36)
ТАБЕЛА:
1. Грција 2 2 0 0 2-0 6
2. Косово 2 1 0 1 2-1 3
3. Северна Ирска 2 0 1 1 0-1 1
4. Кипар 2 0 1 1 0-2 1
Група 4
Гибралтар -Македонија 0:2 (Барди 21, Николов 84)
Бугарија – Грузија 2:5 (Илиев 50, Стефанов 83/ Давиташвили 4, Христов 31-аг, Живзивадзе 52, Кварацкелија 58, Ќазиашвили 69)
ТАБЕЛА:
1. Грузија 2 2 0 0 9-2 6
2. Македонија 2 1 1 0 3-1 4
3. Бугарија 2 0 1 1 3-6 1
4. Гибралтар 2 0 0 2 0-6 0
ЛИГА Д
Група 2:
Сан Марино – Малта 0:2 (Бусутил 59, Гијомје 75.