Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон го „преживеа“ вечерашното гласање на кое членовите на неговата Конзервативна партија одлучуваа за довербата што ја имаат во својот претседател.
Сер Греам Брејди, претседател на Конзервативниот комитет, вели дека вкупно имало 359 гласачи и немало неважечки ливчиња. За доверба на Џонсон гласале 211 лица, а за недоверба 148 конзервативци.
Тоа значи дека повеќе од 40 отсто од ториевците гласале против.
Ова значи дека Џонсон останува на чело на партијата и премиер на Велика Британија, а доколку случајно загубеше, би се одржале избори внатре во партијата за нов претседател, но и премиер, а на Џонсон ќе му беше забрането да се кандидира.
Џонсон пристигна да гласа заедно со министерот за одбрана Бен Валас и неговиот началник на кабинетот, Ендрју Грифит. Не чекаше ред, иако дотогаш имаше голема гужва, и влезе право на гласање. Не коментираше ништо при заминувањето.
При гласањето, јавно гласаа најмногу оние кои беа за недоверба на премиерот. По гласањето следеа низа настани, како што е веста дека државниот секретар Џон Ламонт поднесе оставка затоа што решил да гласа против Џонсон.
Поранешната премиерка Тереза Меј одби да каже како гласала кога ја напушти просторијата бр. 10 од Комисијата каде што се гласаше, пренесува Гардијан.
Бројни конзервативци изразија загриженост за тоа дали Џонсон (57) би можел да продолжи да владее со Велика Британија, која се соочува со ризик од рецесија, раст на цените на горивото и храната, а во моментов и сообраќајниот хаос во Лондон поради штрајк.
Џонсон е првиот британски премиер кој го прекрши законот за време на мандатот. Одговарајќи на извештајот за истрага за журките во официјалните партиски простории за време на забраната поради коронавирус, на која присуствуваше, тој ја прифати целосната одговорност за се што се случи, но продолжи да инсистира дека свесно не прекршил никакви правила и ги отфрли политичките барања да поднесе оставка.
blockquote class=”twitter-tweet”>
Tonight, I have voted against the Prime Minister in the Vote of Confidence.
I have also resigned as PPS to Liz Truss at @FCDOGovUK.
My statement below pic.twitter.com/SGNFHsWwAr
— John Lamont MP (@John2Win) June 6, 2022