
Во текот на изминатото деноноќие руската артилерија која дејствувала во Украина уништила 155-милиметарска самоодна хаубица „М109А3“ испорачана на Киев од Норвешка, како и две 115-милиметарски хаубици „М777“ испорачани од САД, изјави во вторникот на претпладневниот брифинг во руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.
Уништени биле, додаде Конашенков, уште седум единици на теренската артилерија и минофрлачи, вклучително и самооден артилериски систем „Пион“.
„Ракетните сили и артилеријата погодија 39 командни места, 47 огнени позиции на артилеријата на украинската војска, како и 426 локации на концентрација на жива сила и воена опреме“, додаде портпаролот на руското министерство за одбрана.
Според Конашенков, во операциите на руските единици во изминатиот ден биле убиен повеќе од 400 припадници на украинските „националистички баталјони“. Уништени биле и десет оклопни возила, три повеќекратни ракетни системи „Град“, десет специјални воени возила, како и три лансери од противввоздушни ракетни системи „С-300“, според руското министерство за одбрана.
Конашенков сумираше дека од почетокот на „специјалната воена операција“, како што Москва официјално ја нарекува интервенцијата во Украина од 24-ти февруари, руските сили уништиле 190 украински борбени авиони, 129 хеликоптери, 1.139 беспилотни летала, 333 противвоздушни ракетни системи, 3.443 тенкови и други оклопни борбени возила, 478 повеќекратни ракетни фрлачи, 1.807 единици од теренската артилерија, како и 3.464 специјални воени единици.