Српската полиција успеа да го лоцира убиецот на Лука, Марко Миличев, кој на 25.јули го прегази 21-годишното момче на Браков мост во Белград и избега, дознава српски Курир.
– Обрачот околу него полека се стенува, бидејќи полицијата му е зад петици. Тој пред 11 дена избега со авион за Турција каде што се наоѓаше извесно време и после се обиде да ја сокрие секоја трага што води до него. Меѓутоа, не успеа во тоа. Тој повторно е лоциран и сега полека се намалува неговиот простор за маневрирање, пренесува порталот.
Србија на 19.август распиша црвена Интерпол потерница за Марко Миличев. Тоа значи дека сите земји во светот кои се членки на Интерпол, располагаат со податоци за него и имаат негова фотографија. Затоа Марко Милиќ нема многу можности за шетање по светот и да оди од држава во држава, и полицијата нагласува дека тој наскоро ќе биде уапсен.