Вечерва масовен протест во Битола за слобода на Ламбе

Масовен протест за поддршка на Ламбе Алабаковски е најавен за вечерва во 18 часот во Битола.

Организатор на протестот е партијата Левица.

Под мотото „И јас сум Ламбе“ на социјалните мрежи дел од јавноста изразува силна поддршка за македонскиот пејач, осомничен дека ја запалил влезната врата на клубот „Иван Михајлов“ во Битола.

Дел од јавноста делото го оправдува со „поривот на Ламбе Алабакоски да го изрази својот револт за состојбата во која се наоѓа македонскиот народ“.

Судија во претходна постапка на Алабаковски му определи мерка осум дена, со образложение дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство, македонско и американско и дека до неодамна живеел во САД. ​

Бугарскиот премиер Кирил Петков, на официјалната Фејсбук страница на бугарската влада, го поздрави откривањето на сторителот на палењето на културниот центар, нарекувајќи го „пироман“.

Во меѓувреме, Алабаковски добива смртни закани на социјалните мрежи. Извесен Борис Каравелов на Фејсбук коментира: „Ламбе. Нема да живее долго.ЛАМБЕ. Нема да живее долго“.

По денешното разоткривање на сторителот, огромно мнозинство граѓани му дадоа поддршка на Ламбе сметајќи го за херој. Организаторот на вечерашниот протест, партијата Левица, бара слобода за Ламбе, кривично гонење на претседателот на клубот и испраќање на протестна нота до бугарскиот амбасадор во Македонија.