Кривична пријава против вработена во угостителски објект и правното лице од Битола

СВР Битола – Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект на ул.„Рајко Жинзифов” во Битола и против А.Д.(24) од Битола, вработена во објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалаци на дете”, казниво по член 204 од Кривичниот законик.

На 24.12.2021, во периодот од 22.30 до 23.30 часот, при контрола во објектот било утврдено дека А.Д. послужила со алкохолни пијалаци 10 малолетници кои не наполниле 14 години.