Околу три седмици по првото потврдување на случај на мајмунските сипаници во Германија, бројот на заразените кои ги регистрирал референтниот Институт „Роберт Кох“, националниот институт за борба против заразните болести, се зголемил на 113 и сите се мажи.
„Во сите случаи на заразата во Германија пријавени на RKI станува збор за мажи“, изјави во средата портпаролката на институт.
Институтот во вторникот имаше податоци за 80 случаи ширум Германија. Најголем случај од заразените во вторникот вечерта беа во престолнината Берлин – 72 инфицирани од кои 13 се на болничко лекување.
Според претходните податоци, се чини дека Германија една од европските држави со особено висок број заразени, заедно со Велика Британија, Шпанија и Португалија.
Мајмунските сипаници се сметаат за помалку заразна болест во споредба со големите сипаници, коишто според Светската здравствена организација (СЗО – WHO) се искоренети од 1980 година.
Според германскиот институт, вирусот вообичаено се пренесува од лице на лице со близок телесен контакт. Стручњаците предупредуваат на можноста за сегашното ширење на вирусот, на пример, со претстојната сезона на фестивали и забави.
Според информациите од регионалното биро на СЗО за Европа од минатата седмица, досегашните податоци покажуваат дека епидемијата во европскиот регион веќе била во тек кон средината на април.
Станува збор за најголема и географски најраширената епидемија на мајмунските сипаници кога и да е забележана надвор од ендемските области во западна и во централна Африка.