Ердоган се сомнева во објавените цели за распоредување американски бази во Грција

Американските бази во Грција се дизајнирани само за спротиставување на Русија, изјави во средата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„САД распоредија девет воени бази во Грција. А против кого? Тие велат дека се насочени против Русија. Таквото аргументирање ние нема да го прифатиме како веродостојно“, рече Ердоган.

Притоа турскиот челник истакна дека Грција добива оружје од бројни европски земји, вклучително хеликоптери и авиони во значителни количества, са САД ѝ даваат поддршка на Грција. Ердоган истовремено повторно запраша против кого е насочена оваа помош за Грција, алудирајќи на повеќегодишните тензии и „покажување мускули“ во Средоземното Море меѓу Атина и Анкара, вклучително и поради турските истражувања на наоѓалишта на природен гас во подморјето на поделениот остров Кипар.

Кон средината на мај Соединетите држави испратија официјално барање до грчката влада за распоредување на борбени авиони од типовите „F-35“ и „F-15“ на медитеранскиот остров Крит. Атина започнала да работи на барањето и подготвува одговор. Доколку барањето на Вашингтон биде одобрено, американските авиони ќе бидат распоредеи во базата „Суда“ на брегот на истоимениот критски залив. Базата содржи неколку објекти на грчката армија, истовремено е и едно од главните упоришта на НАТО во регионот.

Засега не е познато колку авиони и воен персонал ќе пристигна во воздухопловната база „Суда“, во којашто последните години САД направиле големи инфраструктурни инвестиции последните години и колку долго би останале. Неодамна грчкиот весник Kathimerini во врска со овој договор пишуваше дека станува збор за авиони коишто ќе учествуваат ќе учествуваат на маневри во Средоземјето.

Истовремено Вашингтон и Атина разговараат и за зајакнување на одбранбените капацитети во зоната на островтие Родос, Лезбос и Хиос со вооружувања од НАТО или од САД.

Грција е загрижена од потенцијалната закани од Турција и растечките тензии во Егејското Море изминатите години, поради сѐ уште нерешените поморски граници меѓу двете земји, како и турските проекти за пронаоѓање гасни наоѓалишта во подморјето на поделениот остров Кипар. Официјална Анкара не гледа благонаклоно на во последно време зајакнатата грчко-американска воена соработка, и оценува дека тоа е на штета на нејзините интереси во регионот.

Некои турски политичари дури предупредуваат на милитаризација на регионот, со потези со коишто Турција се опкружува од западот, особено со акумулирањето на американски воени објекти на стратешки точки околу земјата, особено во Александрополис и Крит. Во мај  турскиот телевизиски канал Ulusal Kanal објави и мапа со означените американски воен бази во опкружувањето на Турција.