Двајца цивили убиени во Доњецк

Двајца цивили се убиени денеска во центарот на Доњецк.

Силни експлозии одекнале во текот на ноќта во центарот на градот.

На улиците има урнати дрва, парчиња од муниција, прозорците на околните згради се скршени, а фасадите на куќите и продавниците се оштетени од нападот.