
Две безживотни тела пронајдени утрово во Струмица.
Телото на триесет и деветгодишниот Митко А., кој неофицијално си го одзел животот, е пронајдено на улицата „Ценка Павлова“ утрово околу 7 часот.
Второто тело е пронајдено околу 4 часот на улицата „Маршал Тито“. Се работи за Стојан П. (59) кој најверојатно починал како последница на мозочен удар.
Полициски увид е извршен во двата случаи.