Европскитe клиенти на „Газпром“ може да сметаат на непречени испораки

Рускиот гасен гигант „Газпром“ нема да ги запира испораките на гас за другите европски клиенти, по затворањето на „славините“ за Бугарија, Финска и Полска, објави во четвртокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакнувајќи дека моделот за плаќање на гасот во рубљи функционира според планот.

„Газпром“ ги запре испораките на гасот бидејќи трите споменати држави се одважија да го одбијат новиот модел за плаќање со конвертирање во руската национална валута. Безгас останаа денски „Orsted“, холандски „Gasterra“ и „Shell Energy“ за договорите за снабдување на клиенти во Германија.

Меѓутоа, дваесеттина големи енергетски компании од западна Европа, во прв од Италија, Германија и Франција, се согласија за примена на новиот модел наметнат од Москва поради санкциите против нејзиниот финансиски и банкарски сектор.

Запрашан дали треба да се очекува запирање на испораките на гас и за другите купувачи во Европа, Дмитриј Песков одговори кусо „Не“.

Русија од почетокот на април од „непријателските земји“, оние кои се приклучија на санкциите на САД и ЕУ поради нејзината воена интервенција во Украина, гасот да го плаќаат преку посредничка банка во Москва. „Газпромбанк“ сумите договорени во евра и долари ги продава на Московската берза и рубљите ги уплатува на сметката на „Газпром“.

„Системот функционира… и оние кои добиваат гасот тоа го прават според новиот модел“, изјави Песков на редовниот брифинг за новинарите.