Проруски суд осуди на смрт двајца Британци и Мароканец заробени во Украина

Двајцата  Британци и Мароканецот кои се бореле на страата на силите лојални на власта во Киев а беа заробени од руските сили во Украина, се осудени во четвртокот на смрт, јави новинската агенција РИА Новости цириајќи ја пресудата на судот во одметната проруска самопрогласена Доњецка Народна Република.

Судот во Доњецк осуди на смртна казна три лица, кои дошле во Украина за да им се придружат на украинските сили во борбата против проруските сили на ткн Народна милиција на Доњецк, а беа заробени од руските единици по почетокот на руската воена интервенција од 24-ти февраури.
Британските државјани Ејден Аслин и Шон Пинер, како и мароканскиот државјанин Саадун Брахим, во четвртокот беа прогласени за виновни како „,платеници што се обиделе да ја преземат власта со сила од страна на Народната Република Доњецк (ДПР)”.
Судот образложи дека „насилното преземање власта носи казна од 12 до 20 години затвор, но може да се зголеми и до смртна казна поради воени отежнувачки околности. Да се биде платеник се казнува со затворска казна од три до седум години“.
Судот во Доњецк не е меѓународно признаен.

Истрагата утврдила дека двајцата Британци и Мароканецот учествувале „во вооружената агресија од Украина за насилно преземање на власта во ДНР за одредена сума“.

Тројцата, кои обвинети како платеници, во средата според видоеснимката објавена на руските медиум, признаа да го прекршиле законот на ткн ДНР која се однесува на „обука со цел извршување терористички активности“. За овие дела, им се закануваше затворска казна од 15 до 20 години или доживотен затвор.

Во медиумските извештаи беше наведено дека, покрај тоа Пинер и Брахим, исто така, се изјасниле за виновни за дејствија насочени кон насилно преземање на власта во Доњецк, за што е предвидена затворска казна од 12 до 20 години, но во отежнувачки околности или во време на војна делото се казнува со  смртна казна и со конфискација на имот.

Воедно двајцата не ја признале вината според обвинението за „учество на платеник во вооружен судир или воени дејствија“.

Британците Шон Пинер, Ејден Аслин и Мароканецот Саадун Брахи им се предале на проруските и руските сили во јужниот црноморски пристанишен град Мариупол кон средината на април. Тогаш портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков предупреди дека „платениците кои пристигнуваат во Украина не се сметаат за борци, и оти најдоброто што може да го очекуваат е долготрајна затворска казна“.

Во вторникот британскиот вицепремиер Доминик Рааб изјави дека британската влада има намера да поднесе протест во врска со покренувањето на кривичната постапка против Аспин.