Русија предупреди на планови на Киев за провокација на гробницата со жртви од чумата во Одеса

Вооружените сили на Украина планираат уште една провокација чија цел е да го обвинува руските војски за создавање наводна биолошка опасност, со распоредување на систем за противвоздушна одбрана или негова макета на местото каде масовно се погребани жртви од чума во најголемото црноморско пристаниште Одеса која е под контрола на властите во Киев, објави во петокот челникот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, генерал-полковникот Михаил Мизинцев.

Како што пренесуваат руските медиуми, Мизинцев на редовниот дневен брифинг посочил дека украинската воена управа на Одеса во соработка со стручњаци од 83-от центар за информациско-психолошки операции на Вооружените сили на Украина подготвуваат провокација, во којашто може да настрадаат стотици цивили во големиот град кој по превратот во Киев во 2014 година беше сцена на жестоки протести на проруското мнозинство и напад на украинските ултранационалисти во кој во мај 2014-та во тамошниот синдикален дом живи беа запалени над 50 проруски приврзаници.

„За остварување на тоа (провокацијата), во густо населена област на градот во близина на станицата за технички сервис на регионалната служба на Итна помош, каде што се погребуваат жртвите од чумата, украинската војска планира да размести систем за противвоздушна одбрана или негова макета“, рекол Мизинцев кој го води споменатото меѓуресорско тело за координирање на хуманитарни операции во Украина.

Според него, целта е да се испровоцираат руските воздушни сили да изведат удар на ракетниот комплекс, што украинската страна со веќе подготвени странски медиуми ќе шири информации за предизвикување на биолошка опасност во Одеса поради дејствување на руската војска врз потенцијално опасни цели со стотици цивилни жртви.

Станува збор за неколку карантински гробници во приморскиот град од повеќето епидемии на чумата која изминатите два века неколкупати го десеткувала локалното население.

„Русија во неколку наврати ја предупреди меѓународната заедница за подготовките на украинските националисти на такви провокации, коишто, со целосна поддршка на злосторничките дејствија на киевскиот режи од страна на земјите од ткн ‘цивилизиран Запад“ веќе добија масовен карактер“, додал Мизинцев.

Рускиот генерал истакнал дека, „за разлика од украинските вооружени формации“, руската армија не напаѓа цивилна инфраструктура и потенцијално опасни објекти, чиешто уништување може да предизвика еколошка штета или да се предизвика вештачка катастрофа која претставува опасност за животот и здравјето на цивилното население.