Надал прима анестезии со цел да не чувствува болка за време на мечевите, а веќе подолг период има проблем со стапалото поради синдром кој не се лечи.
„Тие инјекции не се на позитивната листа и не се забранети од ВАДА, зашто не се штетни, а притоа и не ги подобруваат перформансите. Надал има 14 трофеи на Роланд Гарос, ама 13 освои без претходно да ги прима тие инјекции, така да и овојпат не е причина за победата тоа што ги примал истите“, вели Нигли.
Во одбрана на Надал очекувано застана и шпанското друштво за спортска медицина (СЕМЕД).
„Анестетичките инјекции се широко распространето терапевтско средство кое долго време се користи и во спортот и во други области и тоа што прават тие инјекции е дефинирано во медицината, со главна цел да се намали болката на одреден дел од телото“, објави СЕМЕД.