![zemljotres vo crna gora](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/zemljotres-vo-crna-gora.jpg?resize=696%2C406&ssl=1)
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала околу 00.30 часот го погоди подрачјето на населбата Шушањ во Бар.
Половина час по полноќ, Сеизмологијата на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше помал земјотрес со епицентар во атарот на населбата Шушањ во Бар.
На веб-страницата на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија беше објавено дека јачината е 3,4 единици според Рихтеровата скала.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 15 километри.
– Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје – соопшти Институтот за сеизмологија.
ФОТО: SEISMO.CO.ME