Граѓаните ја перцепираат Србија како најпријателски сосед

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) за првпат го спроведоа истражувањето „Глобално водство, соседство и односи со Бугарија“, кое треба да послужи за информирана јавна дебата за предизвиците на Македонија во натамошните евроатлантски интеграции. Истражувањето, во кое се испитувани ставовите на граѓаните за односите на соседите со Македонија, покажало дека за мнозинството граѓани (93,2 отсто), односите со соседите се важни за Македонија.

Граѓаните ги оценуваат сегашните односи со соседите со 0,11 на скала од -5 до 5.
Од петте соседи, граѓаните ја перципираат Србија (42,5 %) како најпријателски сосед, по која следи Албанија (18,5 %), додека најнепријателски сосед е Грција (81,2%), а секој петти граѓанин (22,8 %) мисли дека ниту еден сосед не е најпријателски за Македонија. Ставовите за Србија и Албанија како најпријателски сосед се разликуваат меѓу етничките Македонци и Албанци, а за Грција како најнепријателски сосед нема разлики по етничка припадност и партиско симпатизерство.

Прашани посебно за секој сосед, граѓаните на Македонија ги имаат следните перцепции
за пријателското или неутрално однесување: Србија (87,1 отсто), Албанија (71,3 отсто), Косово
(64,4 отсто), Бугарија (53,4 отсто) и Грција (7,95 отсто).

Во последните пет години најмногу се подобрени односите, според перцепциите на граѓаните, со Србија и Албанија, а секој петти граѓанин смета дека не се подобрени односите со ниту еден сосед.

Најдобри лични искуства, најмногу ја познаваат историјата и културата и најдобро мислење етничките Македонци имаат за Србија, а етничките Албанци за Албанија.Етничките Македонци имаат најдобри лични искуства со Србија, најмногу ја познаваат нејзината историја и култура и за неа имаат најдобро мислење.Етничките Албанци имаат најдобри лични искуства со Албанија, најмногу ја познаваат нејзината историја и култура и имаат најдобро мислење за неа.

Најмногу граѓани сакаат еднакво добри односи со сите соседи, а потоа најблиски односи со Србија посакуваат, со Албанија и со Бугарија, а најмалку со Грција.

Испитувањето на јавното мислење направено преку теренска анкета во периодот 15
ноември – 1 декември 2013 на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.