Фудбалската селекција на Шпанија го презема водството во Групата 2 во најелитната дивизија на Лигата на нациите на УЕФА, откако во неделата вечерта во рамките на четвртото коло во Малага ја победи Чешка со 2:0.
Шпанците поведоа во 24 минута со голот на Карлос Солер, а победата на домашните ја потврди Пабло Сарабија од одличен противнапад во 75 минута, во моментите кога Чесите настојуваат да дојдат до израмнување.
Во вториот дуел од оваа група Швајцарија во Женева ја совлада фаворизираната Португалија со 1:0, освојувајќи ги првите бодови по трите последователни пораза.
Решавачкиот погодок го постигна Харис Сеферовиќ во 57 секунда од натпреварот на додавање на Видмер. Напаѓачот на португалска Бенфика го постигна најбрзиот гол во историјата на швајцарската селекција, и стана првиот швајцарскиот репрезентативец кој постигнал погодок во првата минута од мечот по Алајн Зутер кој тоа го оствари во 1988 година.
Шпанија го искористи поразот на Португалија и го презема водството на мини-табелата со осум бодови, Португалија останаа на седум, Чешка на четири а Швајцарија има три бода.
Во следното коло на 24-ти септември се среќаваат Чешка – Португалија и Шпанија – Швајцарија.
Во Групата 4 од втората квалитативна дивизија Лигата Б, Норвешка во скандинавското дерби во Осло со 3:2 ја победи Шведска. Творец на норвешката победа беше Ерлинг Халанд со двата погодока во 10 и 54 минута од пенал, а стрелец за домашните беше и Александер Сорлот во 77 минута. За Шведска стрелци беа Емил Фосберг во 62 и Виктор Гиокерес во петтата минута од судиското продолжение на натпреварот.
Норвешка во првите четири кола постигна шест голови, од кои пет се на Халанд, Новото засилување на Манчестер Сити за националната селекција досега одигра 21 натпревар а веќе впиша 20 погодоци.
Во вториот дуел од истата група Словенија и Србија во Љубљана ремизираа 2:2. Гостите поведоа со 2:0 со головите на Андрија Живковиќ во 8 и Александар Митровиќ во 35 минута, но Словенците до израмнување дојдоа на самиот почеток од вториот дел преку Адам Черин во 48 и Бенјамин Шешко во 53 минута.
На табелата води Норвешка со десет бодови, Србија има седум, Шведска три а Словенија два бода.
Во петтото коло на 24-ти септември се среќаваат Словенија – Норвешка и Србија – Шведска.
ЛИГА А
Група 2:
Шпанија – Чешка 2:0 (Карлос Солер 24, Пабло Сарабија 75)
Швајцарија – Португалија 1:0 (Сеферовиќ 1)
Табела:
1. Шпанија 4 2 2 0 6:3 8
2. Португалија 4 2 1 1 7:2 7
3. Чешка 4 1 1 2 4:7 4
4. Швајцарија 4 1 0 3 2:7 3
ЛИГА Б
Група 4:
Норвешка – Шведска 3:2 (Халанд 10, 54-11м, Сорлот 77/ Форсберг 62, Ѓокерес 90 + 5)
Словенија – Србија 2:2 (Черин 48, Шешко 53/ Живковиќ 8, Митровиќ 35)
Табела:
1. Норвешка 4 3 1 0 6:3 10
2. Србија 4 2 1 1 7:4 7
3. Шведска 4 1 0 3 5:6 3
4. Словенија 4 0 2 2 3:8 2
ЛИГА Ц
Група 2:
Грција – Косово 2:0 (Џакумакис 71, Манталос 90+9)
Северна Ирска – Кипар 2:2 (Мекнер 71, Еванс 90+3/ Какулис 32, 51)
Табела:
1. Грција 4 4 0 0 7:0 12
2. Косово 4 2 0 2 5:5 6
3. Северна Ирска 4 0 2 2 4:6 2
4. Кипар 4 0 2 2 2:7 2
Група 4
Македонија – Гибралтар 4:0 (Барди 4, Торила 14-аг, Миовски 16, Чурлинов 31)
Грузија – Бугарија 0:0
Табела:
1. Грузија 4 3 1 0 12:2 10
2. Македонија 4 2 1 1 7:4 7
3. Бугарија 4 0 3 1 4:7 3
4. Гибралтар 4 0 1 3 1:11 1
ЛИГА Д
Група 2:
Малта – Сан Марино 1:0 (Мускат 50)
Скала:
1. Естонија 2 2 0 0 4:1 6
2. Малта 3 2 0 1 4:2 6
3. Сан Марино 3 0 0 3 0:5 0