СКМ: 49 претприемачи од големи, средни и мали компании ги завршија школите за бизнис лидери

Во Стопанската комора на Северна Македонија од минатата година е формиран Советот за високо образование и стратешки истражувања заради зголемување на вештините и знаењата на менаџерите од повеќе нивоа на сите компании. Во рамките на овој Совет развиени беа две Програми. Првата за бизнис лидери која има за цел унапредување на вештините на претприемачите од средните и големите компании и втората програма, за зголемување на вештините на претприемачите од малите и средни бизниси.

Двете Школи стартуваа со предавањата на 9-10 декември 2021 година а успешно завршија со свечено доделување на сертификати на учесниците на 7-9 јуни 2022 година. Вкупниот број на поминати учесници од двете програми беше 49 учесници од 35 компании, преку 14 модули и 74 предавачи во двете програми.

На свеченото доделување на сертификатите се обрати претседателот на СKM, Бранко Азески кој имаше предавање на темата за лидерство. Тој истакна дека Комората направи голем исчекор со создавањето на едно вакво тело кое во иднина ќе продуцира врвни менаџери со лидерски способности за развој на нашата економија.

д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на СKM и ментор на Програмата за бизнис лидери на завршницата од обуките им се заблагодари на двете групи на слушатели кои и во услови на пандемија предизвикана од ковид-19, шест месеци, со физичко присуство беа активни и со своето присуство ја збогатија целата содржина. Таа им порача дека токму тие во периодот кој доаѓа треба да бидат авангардата за промени во насока на создавање поголема конкурентност на македонските компании.

д-р Глигор Бишев, претседател на Советот и ментор на Програмата за бизнис лидери на доделувањето на сертификатите потенцираше дека со овој Совет и целиот изминат ангажман кој го имавме во Комората создадовме можност за унапредување на најважниот фактор за раст и развој на една компанија и дадовме голем придонес кон зголемување на вештините на претприемачите од различни сектори. Бишев порача дека овие Школи ќе продолжат да се организираат и во следниот период со нови заинтересирани кандидати.
Ментори на Програмата за развој на мали и средни бизниси беа м-р Антонета Манова Ставреска и д-р Ристо Јаневски. Јаневски и на завршницата на доделувањето на сертификатите го искажа своето задоволство од интерактивноста и врежувањето на учесниците и истакна дека СKM им стои на располагање и на сите учесници и на сите заинтересирани страни во следниот период по завршување на овие едукации за дополнителни консултации и размена на искуствата и знаењата.

Во Програмата за бизнис лидери беа обработени 7 модули на следните теми: 1. Мотивациони говори-моето лично искуство, 2. Интерпретација на макроекономскте показатели (интерпретирање на економски индикатори потребни за бизнисот), 3. Интерпретација на корпоративните финансии, 4. Корпоративни вредности во компанијата, 5. Лидерство: принципи, типови и теории на лидерство-Успешни приказни, 6. Техники на преговарање и 7. Комуникација, промоција и маркетинг (теоретски и практичен/индивидуален дел)
Во Програма за развој на мали и средни бизниси исто така имаше 7 модули а темите беа следните: Практични аспекти на работењето на малите и средни бизниси, 2. Градење на тимска работа, 3. Современи модели за развојно менаџирање со финансиите и ефектни менаџмент-техники за финансирање на растот и на развојот на малите и средни бизниси, 4. Проектно работење, дефинирање на матрицата (цели-активности-индикатори-резултати), финансирање на ефикасноста на компанијата (презентација на кредитните линии и грантовите за зголемување на ефикасноста и извозната конкурентност на компанијата), 5. Рециклирачка економија, обновливи извори на енергија, нови технологии (регионални и светски трендови), зголемување на конкурентноста и ефикасноста на компанијата и 7. Комуникација, промоција и маркетинг (теоретски и практичен/индивидуален дел).

Во периодот кој следува Советот ‘е ги промовира поединечно сите претприемачи кои успешно ги завршија двете Школи за унапредување на нивните вештини.

Советот продолжува со организирање на новите шест месечни програми со збогатени содржини и уште поголем број на предавачи-експерти од месец ноември 2022 година.