
Во СВР Охрид рано утрoro во средата околу 2,30 е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, меѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебарца, се случила тешка сообраќајна несреќа.
Во несреќата учествувале автомобил „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 21-годишниот М.М. од Струга и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д., на 62 години, од селото Ботун.
Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид, велат од СВР Охрид.
Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.