
Во ударите на руската воена авијација во операциите во последното деноноќие во Украина, загинале повеќе од 300 припадници на украинските воени формации, а меѓу другото биле уништени и четири самоодни хаубици кои неодамна САД им ги испорачале на властите во Киев, објави на редовниот претпладневен брифинг во руското министерство за одбрана, генерал-полковникот Игор Конашенков.
„Како резултат на воздушните напади, уништени се повеќе од 300 националисти, станица за електронско војување во близина на селото Малиновка во Харковската област, 10 тенкови и други оклопни борбени возила, три повеќекратни ракетни лансери ‘Град’, 18 специјални возила, три минофрлачки екипи, како и 11 теренски артилериски оружја, вклучително и четири хаубици М777 со 155-милиметарски калибар“, рече Конашенков.
Појасни дека оперативно-тактичката и армиската авијација, како и беспилотната флотила, нападнале 24 локации на концентрација на жива сила и воена опрема на украинската војска.