
Политичките челници на Франција, Германија, Италија и Романија се сретнаа во четвртокот рано попладнето со украинскиот претседател Владимир Зеленски во Киев искажувајќи му поддршка по што, како што се надева Зеленски, Украина ќе добие уште повеќе оружје за војната против Русија.
Во првата ваква посета на Киев по почетокот на војната на 24-ти февруари, францускиот претседателе Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шоцл, италијанскиот претседател Марио Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис, се ракуваа со Зеленски.
Се сретнаа откако европските политичари го посетија разорениот близок град Ирпин, каде се водеа жестоки борби веднаш на почетокот од војната, пред руските војски да се повлечат од северозападот на Украина и да ги насочат своите борбени дејствија кон истокот на земјата.
Шолц оцени дека станува збор за „незамислива свирепост“ и „безумно насилство“.
„Ирпин, како и Буча, стана симбол на незамисливата суровост на руската војна, бесмисленото насилство. Бруталното уништување на овој град е предупредување: оваа војна мора да заврши“, напиша Шолц на Twitter.
„Ова е херојски град… одбележан со стигмата на варварството“, додаде Макрон.
Киев ги обвинува Франција и Германија, а во помала мера Италија, дека бавно ѝ испорачуваат оружје на Украина какво што таа бара – особено тешкото вооружување, и дека „сопствената благосостојба и просперитетот ги ставиле пред украинската слобода и безбедност“.
Макрон во врска со тоа истакна дека европските земји ѝ испраќаат оружје и финансиска помош на Украина. „Франција и Европа стојат крај Украина и нејзините жители од почетокот“, рече францускиот претседател.
Зеленските не ги придружуваше четворицата челници во Ирпин. По разговорите со тамошниот градоначалник, Драги реле дека „Тие многу зборуваа за обновата. Зборови на болка, на надеж, но и во тоа што сакаат да сторат во иднина“.
Кремљ во четвртокот порача дека европските челници со Зеленски би требало да „реално да ги согледаат работите“, а не да разговараат за испраќање оружје.
Поранешниот руски претседател и премиер, сега заменик претседател на Советот за национална безбедност, Дмитриј Медведев, на својот Telegram канал ја исмеа нивната посета оценувајќи дека од посетата „нема никаква полза“. Додаде дека „на Украина ѝ ветија членство во ЕУ и стари хаубици“.
„Европските љубители, на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев“, напиша Медведев на Twitter на англиски јазик, алудирајќи на францускиот претседател Макрон, германскиот канцелар Шолц и италијанскиот премиер Драги повторувајќи дека нивната посета на Киев е „бескорисна“.
Посетата на челниците „нема никаква полза“, напиша Медведев. „Ветија членство во ЕУ и стари хаубици на Украина, омамени од горилката (украински алкохолен пијалак) и патувале со воз како пред 100 години. Да, тоа нема да ја доведе Украина поблиску до мирот. Часовникот отчукува“, додава Медведев во објавата.