Оперскиот пејач Игор Дурловски на социјалните мрежи најави дека утре ќе присуствува на протестот кој го организира ВМРО-ДПМНЕ.
Дурловски вели дека утре во 20 часот ќе биде пред владата и ќе ја пее химната на Македонија.
-За кого? За сите оние кои ме распнуваа поради ангажманот во ,,Заедничка Македонија”, за тие кои ме напаѓаа за моето учество на парламентарните избори во 2020-тата година, за тие кои ја критикуваа одлуката да го отстапам пратеничкиот мандат, но и за ВАС кои ме поддржувате токму поради моите одлуки и постапки – никогаш отстапки. Ќе пеам во чест на сите политички затвореници, за Гоце, за Даме, за Јане, за Питу… Ќе пеам бидејќи да пеам од срце- најдобро знам, пишува Дурловски.