Жирона избори враќање во Примера

Фудбалерите на Жирона се последните кои се квалификуваа за учество следната сезона во елитната дивизија на шпанскиот фудбал откако во доигрувањето во двата натпревара го победија Тенерифе со вкупен резултат 3:1.

Откако првиот натпревар заврши без погодоци, Жирона во реваншот во неделата вечерта на гостувањето во Санта Круз де Тенерифе победи со 3:1 и по 2019 година се враќа во најсилната национална лига.

Гостите поведоа во 42 минута со колот на Кристино Санти од пенал. Израмни Карлос Руиз во 59 минута, но девет минути подоцна Хозе Леон ја затресе сопствената мрежа за нова предност на Жирона. Конечните 3:1 ги потврди Анрау Мартинез во 80 минута.

Жирона во Сегунда сезоната ја заврши на шестата, последната позиција која водеше во доигрувањето за Примера. Во полуфиналето го мина Еибар откако дома во првиот меч загуби со 0:1, а во реваншот по продолженијата славеше со 2:0. И во финалето на домашен терен против Тенерифе на постигна гол (0:0), но во возвратниот дуел на стадионот „Хелиодро Родригез Лопез“ одигра одлични.

Директен пласман во Примера изборија Алмерија и Реал Вајадолид, а од првата лига испаднаа Гранада, Леванте и Алавес.