Австрискиот министер за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, се надева дека на самитот на Европската унија ќе има јасно упатен сигнал не само во правец кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа.
Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од западен Балкан. Се работи за веродостојноста на ЕУ, смета Шаленберг, во постигнувањето напредок и за државите од југоисточна Европа, што добија ветување од Унијата во Солун пред 19 години.
Шефота на австриската дипломатија се осврна и на евентуалното давање статус на зњемја кандидат за Босна и Херцеговина и за Косово.
„Имам чувство дека го губиме Балканот“, појасни министерот.
Шаленберг истака дека во Србија расположението кон ЕУ е понегативно од претходно.
„Тоа не заедниот двор на Европа, туку е во центарот. Затоа мора да дејствуваме. Тоа е нашата најважна стратешка задача што е пред нас“, предупреди Шаленберг.
Со учество на земјите од Балканот на советите на ЕУ и во фондовите, тој смета оти може јасно да се покаже дека тие се пред влез во Унијата.
„Не разбирам зошто Кина купува автопати во регионот, а ние тоа го набљудуваме. Понекогаш не ја разбирам нашата логика“, подвлече Шаленберг.
Додаде дека „ако делуваме силно во Украина и Молдавија, тогаш тоа мораме да го направиме и на западен Балкан“.