Суд во Јапонија одлучи дека забраната за еднополови бракови не е противуставна

Kyodo. Mandatory credit Kyodo/via REUTERS

Судот во Осака во понеделникот пресуди дека забраната за еднополовите бракови во Јапонија не е противуставна, нанесувајќи удар на борците за правата на LGBTQ заедниците во земјата, единствената во седумте индустриски најразвиени земји во светот групата Г7 којашто го забранува бракот меѓу лица од исто пол.

Три еднополови двојки, две машки и една женска, поднесле тужба пред окружниот суд во Осака, што е само вториот случај поврзан со оваа тема која дојде пред суд во Јапонија.

Судот го одбил нивното тврдење дека забраната за еднополовите бракови во Јапонија е во спротивноста со уставот на земјата, како и нивното барање за отштета од милиони јени, односно околу 7.500 американски долари за секоја двојка.

Оваа пресуда ги потопи надежите на активистите за правата на LGBTQ заедниците дека ќе успеат во јакнење на притисокот врз јапонската влада да се занимава со прашањето за истополовите бракови. Надежите на активистите пораснаа минатата година во март кога судот во Сапоро пресуди во полза на тврдењето дека забраната за еднополовите бракови е противуставна.

Јапонскиот устав, инаку, наведува дека бракот е втемелен на „меѓусебната согласност на двата пола“. Сепак, особено во западните мејнстрим медиуми се наведува дека наводно анкетите покажувале дека „сѐ повеќе“ Јапонци ги поддржувале истополовите бракови, а со барањето за воведување партнерски права за истополовите двојки минатата седмица во главниот град Токио, биле охрабрени активистите и адвокатите во случајот од Осака.