
Во Скопје денеска ќе се одржи промоција на програмата за инклузија на лицата со попреченост, но и презентација на клучните наоди од Анализа на состојбата на правата на лицата со попреченост во Северна Македонија, од страна на Обединетите нации.
На настанот најавено е обраќање на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерот за здравство Беким Сали и постојниот координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.