
Индонезискиот претседател и актуелен претседавач на групата Г20, Џоко Видодо, подоцна во јуни ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и со украинскиот Владимир Зеленски, со кои ќе разговара за хуманитарните и економските последици од војната, соопштија во средата од индонезиското министерство за надворешни работи.
Самиот на Г20 ќе се одржи во ноември на индонезискиот остров Бали, а западните земји под диктатот на САД го проблематизираат бидејќи Индонезија се оглуши на нивните притисоци и ја покани Русија, односно претседателот Путин.
Индонезиската министерка за надворешни работи Ретно Марсуди објави дека претседателот Џоко Видодо може да ги посети Москва и Киев откако ќе ја претставува Индонезија како земја гостинка на собирот на групата Г7 во Германија на 26-ти и 27-ми јуни. Со тоа Видодод би бил првиот азиски челник кој ги посетил двете земји од почетокот на војната.
„Во текот на посетата на Киев и Москва претседателот ќе се сретне со претседателот Зеленски и со претседателот Путин“, изјави Марсуди во средата.
Не ги одреди точните датуми на средбите, но индонезиските медиуми пренесуваат изјави од владата кои наведуваат дека тоа може да се случи на 30-ти јуни.
„Акцентот на посетата на претседателот е на загриженоста околу хуманитарните прашања, обидот да се придонесе во решавањето на прехранбената криза предизвикана од војната и нејзините последици“, изјави Марсуди.
Индонезија зазема неутрален став во врска со војната во Украина и повика на мирни решавање на судирот. Видодо одби да ѝ испрати оружје на Украина по директно барање на Зеленски, наместо тоа му понуди хуманитарна помош. Сепак, на состанокот на Г20 Индонезија како гостин ја покани Украина, за да ги примири притисоците од САД.