Од 292 пријавени скроз одлични ученици во скопската гимназија „Орце Николов“, на дополнителното тестирање (поради големиот број пријавени), 39 ученици добиле единици, 70 ученици двојки, 133 ученици добиле тројки, 39 ученици се оценети со четворки, а САМО 11 ученици добиле петки.
Според објавената ранг листа, евидентна е огромната разлика од првиот кандидат со најмногу бодови, 152, и последниот кој е примен, само 46 бода.
„Сега сите наставници и родители на протест и штрајк !, пишува на својот ФБ статус, Божидар Кочоски, кој објаснува што се случувало со квалификациониот испит во гимназијата.
-Во гимназијата „Орце Николов” оваа учебна година се спроведуваше квалификационен, приемен испит поради поголемиот број на пријавени ученици со сите петки. Биле тестирани 292 ученици (сите одлични, со просек 5,00). Тестот по математика носел максимум 100 поени, а по мајчин јазик максимум 70 поени. Податоците се преземени од колешка Оле, а резултатите оставаат без текст:
1. Одличен успех (над 129 бода, т.е. над 76%) имаат покажано само 11 ученици, односно само 3,76% од тестираните.
2. Многу добар успех (од 107 до 129 бода, т.е. од 63 до 76%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36% од тестираните.
3. Добар успех (од 67 до 106 бода, т.е. од 39 до 63%) имаат покажно 133 ученици, односно 45,55% од тестираните.
4. Доволен успех (од 45 до 66 бода, т.е. од 26 до 39%) имаат покажно 70 ученици, односно 23,97% од тестираните.
5. Недоволен успех (под 45 бода, т.е. под 26%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36%од тестираните.
„Ако ова е случај за една најдобрите гимназии , каде 75 % од учениците кои имаа просек 5,0 сега имаат најмногу оценка 3 и помалку, што да кажеме за другите“, пишува Кочоски.
„Јас искрено се прашувам и дали резултатите од квалификациониот испит се валидни. Дури и на тој испит можно е да имало „наше дете е, пиши му петка“. Целиот едукативен систем во државава е претворен во натпревар на кој има поголеми и посилни врски. Искрено би сакал да кажам дека резултатите ме изненадуваат, но реалноста е полоша од овие бројки…“,
„Супер, да излезе на виделина „писменава” младина. Тажно, ама реално, за жал…гласат едни од коментарите на оваа објава на фејсбук.