
Дваесет иседумте членки на ЕУ вечерва им доделија кандидатски статус на Украина и на Молдавија, објави во Брисел претседателот на Европскиот совет., Шарл Мишел, нарекувајќи ја одлуката „историски момент“ во екот на „руската агресија“, а ветија „европска перспектива“ за Грузија.
„Договор. Европскиот совет штотуку донесе одлука за доделување статус кандидат за ЕУ на Украина и Молдавија. Историски момент“, напиша претседателот на Европскиот совет на Twitter.
Мишел, исто така, објави дека челниците на ЕУ ја „признаа европската перспектива на Грузија и подготвеност да ѝ се додаде кандидатски статус кога ќе ги реши преостанатите приоритети“.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја пооздрави одлуката, нарекувајќи ја „единствен и историски момент во билатералните односи“.
Дваесет иседумината одлуката ја донесоа на редовниот состанок на врвот, а претходно во четвртокот за таа одлука гласаа и пратениците во Европскиот парламент.
Украина поднесе барање за членство на 28-ми февруари, четири дена по руската инвазија, по што на 3-ти март истото го побараа и Молдавија и Грузија. Европската комисија минатата седмица го објави мислењето за овие три барања и му препорача на Советот на ЕУ да ја потврди нивната перспектива. Оваа одлука се донесува и со согласност на Европскиот парламент.
Доделувањето за Украина и Молдавија кандидатски статус, тоа ќе претставува пресврт без преседан во политиките на пристапување на ЕУ, бидејќи поради големите проблеми со владеењето на правото, криминалот и ендемската корупција двете земји не беа ниту блиску таквиот статус. Но од почетокот на војната во Украина, двете земји, преку заеднички декларации за руската агресија се обидуваат да добијат макар и нејасна формулација којашто би зборувала за евентуална нивна перспектива во ЕУ, што би ги зајакнало тамошните политички елити.