Во САД протести поради забраната за абортус

Пресудата на Врховниот суд во САД со која се поништи правото на абортус предизвика протести во повеќе американски држави.

Стотици луѓе излегоа на улиците во Њујорк, а протести имаше и на Унион Сквер и Вашингтон Сквер, Бостон , Мајами Лос Анџелес, Тексас, Феникс, Аризона.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно вчера оцени дека одлуката им го одзема правото на жените самите да одлучуваат за своето здравје и живот.

„ Ова е тажен ден за судот и за нашата земја“, рече Бајден.

„ Тројцата судии назначени од Трамп беа во срцето на денешната одлука да се смени рамнотежата на правдата и да се отстранат основните права на жените во оваа земја. Оваа одлука е кулминација на една екстремна идеологија“, рече Бајден.

Тој повикува протестите да бидат мирни и луѓето да се воздржат од насилство. Бајден рече дека одлуката на Врховниот суд да ја поништи пресудата на Роу против Вејд го ​​загрозува здравјето и животот на жените.

Бајден очекува гласачите на ноемвриските избори да гласаат за кандидати кои ќе се борат да го вратат правото на абортус.